ТЕОДОРИНИОТ ПРСТЕН-Вања Булич
- Симон Димитриески
- Oct 20, 2020
- 2 min read
Updated: Oct 21, 2020

Во Белград се подготвува модна ревија каде моделите ќе носат и средновековен српски накит.Новинарот Новак Ивановиќ кој треба да пишува за модната ревија оди во манастирот на Косово и ги посетува урнатините на рударскиот град Ново Брдо .Таму тој од монахот што живее во манастирот дознава дел од една страшна тајна и една стара легенда за прстенот на византиската принцеза, а потоа и српска кралица Теодора, мајката на Царот Душан Силниот: Тајната гласи „Секој што ќе го стави прстенот на раката а не е од кралската лоза , ќе умре наскоро!“
Уште во 1915 година, кршејќи го саркофагот на кралицата Теодора во косовскиот манастир Бањска, прстенот го зел, поточно го украл, регентот Александар Караѓорчевиќ и бил однесен во Белград. Сто години подоцна, прстенот се појавува на раката на една убава манекенка на модна ревија организирана како дел од моден магнат од Милано. Позајмен за оваа пригода од Националниот музеј во Белград, прстенот е истовремено опсесија на тајното друштво од Италија, заколнато со цел да се врати источното римско царство, па агентот на тајното друштво, исто така, доаѓа на ревијата на која присуствуваат белградски џет-сет, амбасадори, полиција, разузнавачи, политичари , тајкуни, мафијаши, новинари ...
За помалку од еден час, за време на таа модна ревија во угледениот белградски хотел, ќе се случат три убиства, а сите убиени, како што се покажа, биле во директен контакт со фаталниот прстен.
Дали новинарот Новак Ивановиќ конечно ќе ја открие страшната тајна на прстенот?
Или можеби во прашање е нешто друго.
Ова ми е втора книга од овај автор и стилот на пишување му е навистина добар,а ги има напишано следнте книги:"Симеоновиот печат","Теслинта пратка","Досието Богородица", "Душановата клетва" и други.preporacanomk blog со препорака да ја прочитате книгата.
Дололку не можете да ја пронајдете книгата,може да ја превземете и да ја прочитате книгата на линкот подолу.
(книгата е на српски јазик).
Comments