top of page

„Thank you for your service“ Ви благодарам за вашата служба



Жанр: Драма,Воен,Автобиографија

Траење на филмот : 01:49:00 минути

Режија: Jason Hall

Улоги: Haley Bennett, Miles Teller, Amy Schumer, Kate Lyn Sheil. Joe Cole, Keisha Castle-Hughes, Erin Darke, Brad Beyer, Scott Haze. Kerry Cahill, Omar J. Dorsey, Peter O’Meara, Hunter Burke, Jayson Warner Smith, Donna Duplantier



„Ви благодарам за вашата служба“ иако има сцени од борби,всушност не е типичен воен филм туку ги проучува карактерите на храбрите луѓе.Тие се борат за нашата слобода и со менталните потешкотии со кој се соочуват после враќањето дома.

Филмот започнува со една битка во Ирак,Адам Шуман заедно со неговите соборци се движат по тивкото предградие на градот кога неговиот колега Мајкл е погоден во главата ,Адам го го крева за да го однесе на сигурно но пред да стигнат до засолништето тој паѓа.Тој момент ќе има трајни последици за Адам дури и откако ќе се врати дома.Неговата сопруга прави се за тој да се чувствува убаво,но и самата знае дека Адам повеќе не е истиот онај човек од пред да замине во Ирак.Приказната ги следи и неговите двајца другари од војска и како филмот напредува така гледаме како овие луѓе се снајдуват после враќањето во цивилниот живот.

Ова е еден од оние филмови каде што страдањата доаѓаат од тажната реалност и она со што овие храбри луѓе морат да го поминат откако ќе се вратат дома.

Нивните пријатели и сакани личности

очајнички пробуваат да им помогнат и да ги разберат низ што се поминале и сеуште поминуваат,но нема начин за помош.

Војната ги менува луѓето,а не често ги остава растресени и ментално скршени.Она што е уште полошо е тоа што како функционира државата односно нејзината бирократија,која наместо да им помогне на овие храбри луѓе кои се бореле и ја штителе својата татковина таа им одмага.Приказна за тоа што се мора да помине обичниот војник кога бара помош и не ја добива поради бизарно каснење на некои податоци поради времето на обработка,што прави војникот да се чувствува уште полошо.

Филмот е снимен спрема вистински настани дури и имињата се вистински.На интернет побарајте го Adam Schumann и прочитајте ја неговата приказна.

Според мене ова е еден од подобрите филмови на оваа тематика. Иако е малку постар од 2017 година,па иако го препорачав пред некоја година на стариот блог за оние што го немаат гледано погледнете го.

Филмот можете да го погледнете преку STREMIO апликацијата

ТРЕЈЛЕР:


Yorumlar


ac344e_75527af0b09a4d38afb5309f4e45d7b4~
ac344e_e9915e68d87a429e8c89ecfa5c619be9~
0818_FMOVIES_BACKGROUND.jpg
ac344e_508c6e40f4754d86a979a8f1fbe3a89c~
bottom of page