top of page

Серија:Сенки на Балканот

Гледано од драматуршки, режисерски и естетски аспект, оваа серија, спакувана на високо продукциско и уметничко ниво, прави голем пресврт и храбар чекор напред нудејќи освежување на актуелната понуда кај нас со нешто сосема ново и налик на играните серии на HBO и Netflix.




Белград е претставен како место во кое криминалот се сведува на класично пљачкосување и убиства, но во кој сепак најголем проблем прават војните помеѓу опиумските картели Русите,Србите,Македонците за кои Белград е само траса за понатамошен шверц на скапи и ценети дроги кон Европа и Америка. Во возбудлива трилерска нарација, многу пресврти и досега непознати историски настани, се отсликува Европа во предворјето на настаните што ќе го одбележат 20.век со Белград како невралгична точка и место во кое секогаш се вкрстувале различни светски интереси. Сенки над Балканот е една од најскапите но и најдобрите серии на Балканот.

Серијата има две сезони од по 10 епизоди секоја сезона.Продукциската куќа Амазон ги откупи правата за прикажување преку Антлантикот со наслов„Black sun“

Серијата по концепт и во режија се на Драган Бјелогриќ е меѓународна копродукција помеѓу „Кобра Филм“ - Србија, „Скопје Филм Студио“ - Македонија и „Искра“ - Русија. Како копродуценти на серијалот со свое учество се вклучија и Радиотелевизија Србија, Радиотелевизија Република Српска и Македонската радиотелевизија, а истата е финансиски поддржана од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.


Останата авторска екипа ја сочинуваат: директор на фотографија Иван Костиќ, сценограф Горан Јоксимовиќ, костимограф Борис Чакширан, шминка Дубравка Вуксановиќ, монтажата е на Лазар Предојев, а музиката на Мањифико. Режисер на осмата епизода, која главно се снимаше во Битола и околината, е Игор Иванов.

Улогите во серијата ги толкува плејада на актери, меѓу кои Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Горан Борган, Гордан Кичиќ, Ненад Јездиќ, Алексеј Солончев, а од Македонија играат: Петар Арсовски, Тони Михајловски, Јана Стојановска, Аксел Мехмет, Никола Ристановски, Петар Мирчевски и Дениз Абдула.


Во руска црква во Белград убиен е православен свештеник. Убиецот е еден од козаците, кои после октомвриската револуција се нашле во Кралството СХС. Меѓутоа убиството сака да му го намести на важни лица од локалната мафија, која со Русите се такмичи во трговијата со опиумот.Исто така се случува убиство и на маскембалот кој се одржува во елитен Белградски хотел.Тука е обезглавена жената на јавниот обвинител .

Главниот лик, инспекторот Танасијевиќ или Тане како што го познаваат сите заедно со својот колега инспекторот Станко Плетикосич, ќе се обидат да откријт кој стои зад ужасните убиства.Трагаќи по вистината че навлезат во голема завера што достигнува до самиот врв на тогашното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците и вклучува тајно друштво, интриги и предавства…


СЕЗОНА 1


СЕЗОНА 2



Серијата е достапна на апликацијата STREMIO за која пишував во изминатите постови.


Коментарі


ac344e_75527af0b09a4d38afb5309f4e45d7b4~
ac344e_e9915e68d87a429e8c89ecfa5c619be9~
0818_FMOVIES_BACKGROUND.jpg
ac344e_508c6e40f4754d86a979a8f1fbe3a89c~
bottom of page