top of page

Stranger Things

Популарноста на сериите во однос на филмовите која се случува во последниве неколку години е вистински културен феномен.а помеѓу ТВ куќите кои доминираат на пазарот сигурно највисоко котира Netflix.Една од сериите која ја продуцираше Netflix а остави голем впечаток помеѓу гледачите сигурно е и ‘Stranger Things’.



2021 година се очекува излегување на четвртата сезона па ако не сте ги погледнале првите три сезони направете го тоа,верувајте нема да погрешите. Високата оценка од 9.0/10 дадена на imdb го потврдува тоа.



Stranger Things’ е серија напишана од страна на браќата Мет и Рос Дуфер и уште со првата сезона стекнаа голема популарност.

Сцената која ја отвара првата епизода од првата сезона не враќа во 1983 година.Дејството се случува во едно мало градче во Индијана.Во центарот на вниманието се четирите деца кој се занимаваат со работи кој што ги работат и другите деца во тоа време возат велосипеди BMX,играт игри ,читат стрипови.Исто така во серијата можат да се слушнат и популарните музички хитови од тоа време.

Она што оваа серија ја прави поинаква од останатата содржина на ТВ е начинот на кој се комбинират различни жанрови од фантастика до фантазија со примеси на хорор и може да биде и во жанр на Тинејџерски филмови.

Првата сезона започнува кога во малото мирно гратче мистериозно ќе исчезне момчето

Will Byersa (Noah Schnapp),па целиот град се вклучува во потрага по него.Joyce Byers,која фантастично ја глуми Winona Ryder,е неговата мајка која прва започнува да гледа нереални работи и на чуден начин да комуницира со нејзиниот син.

Во потрагата се приклучува и шефот на полицијата Jim Hopper (David Harbour) кој доаѓа до сознанија кој го грабнал Вил и кој е одговорен за исчезнувањето и смртта на девојката

Во фокусот на серијата се сепак пријателите на Вил ,кој не ги слушаат предупредувањата и заминуваат да го барат нивниот другар.Но во шумата наместо Will, Mike Wheeler (Finn Wolfhard), Dustin (Gaten Matarazzo) i Lucas (Caleb McLaughlin) пронаоѓаат изгубено девојче Eleven (Millie Bobby Brown). ...

По препорака од preporacanomkblog погледнете ја оваа серрија.

Серијата е достапна на апликацијата Stremio за која пишував во изминатите постови.


Трејлер






Comments


ac344e_75527af0b09a4d38afb5309f4e45d7b4~
ac344e_e9915e68d87a429e8c89ecfa5c619be9~
0818_FMOVIES_BACKGROUND.jpg
ac344e_508c6e40f4754d86a979a8f1fbe3a89c~
bottom of page